Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дете од скопска градинка позитивно на Ковид 19

Прв случај на дете заразено со Ковид-19 бил забележан во скопска градинка, дознава Сител. Информацијата за Сител ја потврдија и од Министерството за труд и социјална политика.

Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.

Во домашна излација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Владата на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, на 9 септември 2020 година.

Оттогаш, па досега беа регистрирани 3 заразени воспитувачки во Скопје, Битола и Свети Николе.

Можеби ќе ве интересира

СО МОТОЦИКЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата уапси 37-годишен маж во Гевгелија

ДЕСК

ТРИ СЕМЕЈНИ ДРАМИ ВО ЕДЕН ДЕН – Нападнати сопруга, 70-годишна баба и поранешен партнер, три лица уапсени

ДЕСК

Баталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицата

ДЕСК