Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Нова цена на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денес напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Промена на цените на горивата се врши секоја недела, а минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 61,50 ден/литaр.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), исто така се намали за 1,50 ден/литар и изнесува 50,50 ден/лит.

За 1,00 денар за литар се намали малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,575 ден/кг и изнесува 25,956 ден/кг.

Останува да видиме дали нѐ очекува уште едно намалување на цените.

спонзорирано: