Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство утрово ја потресе Македонија

Шеесет и седумгодишен жител на Гостивар е осомничен за убиство на неговата сопруга. Според информациите на Обвинителството, тој со нож и секира на жената ѝ нанел повеќе убодни рани, од кои починала. Осомничениот е во бегство.

Настанот бил пријавен утринава околу 7 часот од синот на жртвата, гостиварка на возраст од 60 години. Осомничен за стореното кривично дело е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого жртвата подолго време имала нарушени односи.

„Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата“, соопштија од Обвинителството.

Осомничениот е во бегство.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК