Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Пред три години демократските процеси беа задушени, а денес ги започнавме процесите со санирање на штетите од децениското анти-демократско владеење

Пред три години, дома се соочивме со задушени демократски процеси, узурпирани институции, поларизирани меѓуетнички и меѓучовечки односи, со еден збор заробена држава. Држава која беше раководена од режим и во која стратешките цели, беа заменети со интересите на партијата и поединци, рече премиерот Зоран Заев на денешното одбележување по повод денот на независноста.

– Покажавме дека знаеме и дека имаме волја да ги решаваме горливите проблеми. Проблеми кои со децении беа тргани настрана и од ден на ден стануваа се потешки за иднината и развојот на државата. Ги решивме отворените проблеми со соседите и дома започнавме со санирање на штетите од децениското анти-демократско владеење. Токму реформските процеси и унапредувањето на демократскиот амбиент остануваат во фокусот и во овој нов четиригодишен мандат., рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +