14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата продолжува со турбо темпо: Сузбиена криминална група за препродажба на кокаин, од Арачиново

На 05.09.2020 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Одделот за специјални полициски операции и СВР-Скопје, во координација со ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, лишија од слобода пет лица- припадници на криминална група за набавка и дистрибуција на кокаин на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против Х.А. (49), Ф.А. (22), Ф.А. (24) сите од општина Арачиново, Р.Г. (27) и П.С. (29), двајцата од Неготино, за сторени кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на РСМ. Од досега спроведената истрага утврдено е дека Ф.А. и Ф. А. (браќа) и нивниот татко Х.А. подолг временски период вршеле набавка и продажба на наркотична дрога кокаин по цена од 3000-5000 денари за еден грам на лица во повеќе градови низ државата и тоа во Скопје, Куманово, Тетово, Кавадарци и Велес, преку организирана мрежа на препродавачи и посредници“, рече Ангеловски.

Криминалната група по извршената набавка, во својот дом вршела препакување на кокаинот за понатамошна продажба, а била координирана од Х. А..

„За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се материјални докази и документирани се претходни купопродажби на кокаин. По претходно изготвен план и по Наредба од судија на претходна постапка, на 05.09.2020 преземени се повеке оперативно тактички мерки и активности и петте лица се лишени од слобода, а извршени се и претреси при што се пронајдени предмети поврзани со истрагата. Лицата лишени од слобода денеска ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, соопшти Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.