Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

ГРАД СКОПЈЕ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ ИНВЕРТЕР КЛИМИ: Очекувајте повик: Град Скопје ќе ве контактира доколку сте аплицирале за субвенции

Скопскиот градоначалник Петре Шиелгов на својот фејсбук профил објави дека Градот започнал со контактирање на граѓаните кои аплицираа на повикот за субвенции на инвертер климите.

– Дел од вас ќе добијат е-меил и телефонски повик со инструкции за терминот и локацијата на која ќе можат да ги достават старите и дотраени печки. Бидејќи се работи за голем број на апликации кои треба да се обработат, замолувам за трпение и разбирање за времетраењето на овој процес. Комисијата ќе ги контактира граѓаните кои аплицирале редоследно, според датата и времето на аплицирање. Првопријавените ќе бидат контактирани уште во текот на следната недела, но контактирањето нема да престане додека не биде исконтактиран и последниот пријавен на повикот-напиша Шилегов.

https://www.facebook.com/p.shilegov/posts/2604560283206831

Можеби ќе ве интересира

Свлечиште направи хаос во центарот на Скопје: Вистинско чудо е што нема повредени

ДЕСК

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК