Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Новата Влада посветено ќе работи на остварување на програмските определби во интерес на граѓаните и државата

Мнозинството пратеници во Собранието синоќа гласаше за составот и програмата на новата Влада предводена од СДСМ. Република Северна Македонија доби мала, ефикасна Влада подготвена да сработи посветено во интерес на граѓаните, соопшти СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ ќе сработи и испорача ефикасен правен систем во кој граѓаните ќе веруваат, кој ќе дели правда еднакво. Ќе се инвестира во уште поквалитетно здравство кое ќе продолжи да води целосна грижа за здравјето на сите граѓани и уште поефикасно ќе се бори против коронавирусот.

Следува бескомпромисна борба со сивата економија во државата, неплаќањето даноци, шверцот и корупцијата. Следува брза и навремена поддршка на најсиромашните, за да продолжи градење на праведно и правично општество.

Претстои стабилен политички период, Република Северна Македонија е членка на НАТО, има одлука за почеток на преговори со Европската Унија, сега пред нас е период на трансформација и европеизација на државата.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните испишуваме светли страници на нашата историја“, велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка: Судир меѓу мотор и автомобил, едно лице итно пренесено во болница

ДЕСК

Шокантно: Ограбена џамија – украдени парите од сефот за донации

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК