Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство за смртта на Ратка Димитрова, пратеничка во првиот собраниски состав

ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за смртта на Ратка Димитрова која беше пратеник и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во првото плурално повеќепартиско Собрание.

„Димитрова со својот ангажман има придонесено во развојот на демократските процеси и е сведок и учесник на трансформацијата на македонскиот повеќепартиски систем. Како дел од почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во парламентарниот живот е активен сведок и придонесува за осамостојувањето на институциите на државата. Оттука ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство по повод тажната вест за нејзината смрт“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК