Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Платите ќе продолжат да растат, предметите од СЈО ќе добијат завршница, вети Заев

Мандаторот Зоран Зааев ја претстави пред пратениците програмата со која од нив бара поддршка да се изгласа неговиот нов кабинет.

„Имаме план за стабилна економија. Платите ќе продолжат да растат, а со нови пакети ќе ги помагаме ранливите категории граѓани. Нашите цели се јасни 20.000 денари минимална плата и 34.000 просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат“, рече Заев.

Тој најави една милијарда евра странски инвестиции и намалување на стапката на невработеност по кризата по 3 проценти годишно со конечна цел едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот.

„Доаѓа време на ред правда и дисциплина, време на почитувње на правосудството и неселективно владеење на правото.Судиите за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите од СЈО, кои со години лутаат во судските лавиринти, мора да добијат разрешница, рече Заев.“

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +