Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Колемишевски за FDI: Сигурно ќе се ставиме на глобалната инвестициска карта

Како членка на НАТО и со почетокот на разговорите за пристапување кон ЕУ, заедно со континуираните реформи во земјата, сигурно ќе се ставиме на глобалната инвестициска карта, изјави заменик министерот за економија Кирил Колемишевски, во интервју за ФДИ Интеленџенс (FDI) 

Моменталната криза ни покажа дека можеме да бидеме истрајни, приспособливи, флексибилни и дека можеме да градиме капацитет и систем за функционална и растечка економија, истакна Колемишевски, додавајќи дека нема да запрат законските измени и реформите.

Веднаш по формирањето на новата влада, ќе ги измениме нашите закони и подзаконски акти, со цел усогласување со ЕУ. Овој процес ќе привлече странски инвеститори, рече Колемишевски.

Тој нагласи дека фокусот ќе се стави на гасификацијата, градењето инфраструктура, градење на регионален центар за поддршка на нови бизниси (start-up accelerator), научен и технолошки парк и регионален центар за медицински истражувања и развој.Значајно олеснување за влез на странски инвестициски фондови ќе биде основањето на посебен капитален фонд во 2020 година, како дел од Планот за економски развој, а Законот за стратешки инвестиции, усвоен во Парламентот во февруари ќе ги охрабри странските инвеститори да ја донесат својата дејност во нашата земја, истакна заменик министерот за економија Кирил Колемишевски, во интервју за fDi.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +