12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од утре невреме низ Македонија – Какво ќе биде времето следната недела?

Утре попладне и во вторник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.

Прогноза за 25.08.2020
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 26°С до 34°C
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. УВ=6

Прогноза за 26.08.2020
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=7

Прогноза за 27.08.2020
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево и топло со умерен ветер од северозападен правец. УВ=8

Спонзорирано: