Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мајка му донела на синот пакет со марихуана во затворот во Штип

Вчера во 11.03 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа – Затвор Штип било пријавено дека во затворот, во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка, службените лица пронашле марихуана. Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски во Уставниот суд ќе учествува на тркалезна маса „Воведување на уставна жалба?“

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата утрово?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК