Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Викендов големо невреме низ Македонија – Meteocentar со детална прогноза следните 4 дена

Утре и во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Дневните температури ќе опаднат.

Прогноза за 14.08.2020
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 30°С до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Прогноза за 15.08.2020
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. УВ=7

Прогноза за 16.08.2020
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 25°C до 31°C
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. УВ=7

спонзорирано: