Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Страшна сообраќајка во скопско Кадино: Малолетник загинал на лице место, уште двајца повредени

Се судрија два мотоцикли во село Кадино, при што малолетник починал на лице место, а уште двјаца се повредени.

„На 11.08.2020 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Кадино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

На местото на незгодата лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош“ соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД 2026: Студ ќе ја обвие Македонија, доаѓа силен ветер, на некои места ќе вее и снег

ДЕСК

Утре сончево време, утрински температури до -10 степени

C +

УЖАС: Додека се возел со автомобилот во кој било и неговото семејство врз кровот удрило заталкано зрно од огнено оружје

ДЕСК