25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсени тројца скопјани за поседување дрога

Вчеравечер и во текот на ноќта се уапсени тројца жители на Скопје откако полицијата пронашла дрога, при извршен претрес. Истовремено, полицијата во Неготино поднела известување до Обвинителството во Кавадарци, откако малолетник бил затекнат како набавува дрога, а потоа му ја дал на негов другар за употреба.

„Полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. На подрачјето на Гази Баба уапсени се А.Б.(32) и Г.Т.(39) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

За случајот во Кавадарци, сега Обвинителството теба да одлучи дали ќе повеќе кривична постапка против 17-годишникот кој бил затекнат како продава дрога пред една година.

„ОВР Неготино поднесе известување до ОЈО Kавадарци против 17-годишник од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Имено, на 21.09.2019 околу 16.00 часот пријавениот, заедно со свој другар од Кавадарци дошле во Неготино, каде се сретнале со М.Д. од Неготино и откако набавиле марихуана пријавениот му ја дал за употреба на М.Д.. При вршење на контрола од полициски службеници, тие биле пресретнати како употребуваат марихуана, а при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана помешана со тутун“, додаваат од МВР.