Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Силно невреме низ Велес – големи штети

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на кои може да видат поплавени куќи и ниви, уништени посади, распаднати објекти.

https://www.facebook.com/akocevski/posts/10217195728345634

„ Најголеми се штетите во Превалец. За денес во 12 часот закажав вонредна седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Се организираме за што побрзо да ги санираме последиците. Сите кои имаат штети од невремето ги повикувам да ги пријават во Општина Велес за надлежната комисија да направи проценка на настанатите штети“ напиша Коцевски.

Невреме синоќа го зафати и главниот град, каде беа поплавени голем број улици и тротоари.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи и денеска попладне се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

МИТРОВДЕН ПРИСТИГНА, А СО НЕГО И СТАРИТЕ МАКЕДОНСКИ ОБИЧАИ – Што верувале нашите предци и зошто овој ден бил толку важен?

ДЕСК

СДСМ: Го потсетуваме Мицкоски на членот 368 – а од КЗ, да не ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

Поповиќ: Со наредбите до обвинителство и заканите Мицкоски ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК