Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработен во Македонска пошта во Тетовско крадел пари од сметка на пензионерка

Вработен во Македонска пошта – подружница Тетово, Долно Палчиште, неколку месеци крадел пари од сметката на пензионер. Против него е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот В.С.(32) од тетовско, во периодот од јануари до 28 април оваа година крадел пари од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примателка на пензија.

„Пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело „злоупотреба на лични податоци’’. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Северна Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал“, соопштија од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК