Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сончево и топло време со услови за пороен дожд кон крајот на денот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени, јави УХМР.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од среда следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време, со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина воден талог.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето наредните денови?

ДЕСК

Трагедија: Починато бебе пронајдено во Скопје

ДЕСК