Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

(Фото, видео) Драмата на Преспанско езеро продолжува, нуркачи повеќе од 20 часа трагаат по исчезнатото дете

И натаму трае неизвесната драма на Преспанското Езеро, откако вчера исчезна 16 годишно дете во водите на езерото.

Според информациите детето било на педалинка заедно со уште две други деца.

Информациите се дека едно од децата додека се капело на местото каде што стигнале со педалинката исчезнало.

Во полиција од страна на итната помош синоќа околу 18 часот и 18 минути било пријавено дека исчезнато е дете во водите на езерото на плажа во Претор.

Во моментов професионални нуркачи, потпомогнати од граѓаните и полицијата во Ресен речиси 24 часа трагаат неуморно по исчезнатото дете.

Преспа вчера беше преполна со туристи, поради Илинденските празници.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК