Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема план како ќе се одвива наставата во новата учебна година

Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата вели дека нудат конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата.

„Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година. Жалиме што немаше конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради која најголема штета им се прави на учениците“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука додаваат дека како и за многу други аспектим власта на Заев потфрлила и во овој аспект и покажала целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +