Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Прегратките и џагорот за Курбан бајрам да ги замениме со позитивни мисли и одговорност

Претседателот на парламенот, Талат Џафери, од име на Собранието и во свое лично име на верниците од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам, со желба празникот да го одбележат во добро здравје и во душевен мир.

„Ова е празник кој во себе ја носи пораката на солидарноста, блискоста и сочувството кон сите луѓе, блиски или далечни, соседи или роднини, познати или случајни познанства. Празник во којшто се споделуваат и убавиот збор и мисла, и благодатите на трпезата и почитта и простувањето. Навикнати сме празникот да го поминеме опкружени со весел џагор и топли прегратки, искрени насмевки. За жал, речиси од почетокот на оваа година сме принудени да ги менуваме нашите секојдневни навики поради пандемијата од Ковид-19“, порачува во честитката собранискиот спикер.

Доколку до сега не научивме, сега се учиме на колективна свест и совест, за тоа колку е важно секој поединец да води сметка за своите постапки, за истите да не се рефлектираат негативно на нашите блиски семејства и на сите други, порачува Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Времето повторно изненадува – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.