Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трагична сообраќајка – загина моторџија на патот Радовиш – планина Плачковица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш вчера изврши увид на регионалниот пат Радовиш – планина Плачковица, каде што во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога мотор „јамаха“, управуван од едно 38-годишно лице, удрил во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кој управувал возач на возраст од 28 години. Од ударот, моторот излетал надвор од коловозот, во стрмен дол. Со итна медицинска помош моторциклистот веднаш е префрлен во штипската болница, каде што им подлегнал на здобиените повреди. Возачот и двајца сопатници во голфот се здобиле со телесни повреди.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на трагите пронајдени на лице место, а местото е фотографирано и скицирано. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице, како и за анализа на примероци од крв и урина од возачот на другото возило. Дополнително, во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа, по наредба на јавниот обвинител ќе се врши сообраќајно вештачење.​​

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ ВЕЧЕРВА НАПРАВИ ПРОБЛЕМИ НИЗ ЗАПАДОТ НА МАКЕДОНИЈА: Каде е најкритично?

ДЕСК

Студот попушта: Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

ДЕСК

Нова трагедија во првите денови од Новата година: Има загинати во страотна сообраќајка откако автомобил влета во Радика

ДЕСК