Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани

Жител на Радовиш загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на патот Штип – Кочани, во близина на крстосницата за село Кучичино.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С. З. (71) од Радовиш, и автомобил „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н. Р. (29) од Штип.

С. З. починал на местото на незгодата, а Н. Р. добил повреди и бил пренесен во Здравствената установа Кочани.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК