Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил прегази 80-годишна жена во Скопје

Осумдесетгодишна жена заврши со тешки повреди, откако во неа удрил автомобил со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера во 20.40 часот на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје.

„Со возилото управувал Д.К.(41) од Скопје, а е повредена В.Х.(80) исто така од Скопје. В.Х. е пренесена во Комплексот клиники Мајка Тереза“, велат од МВР.

Увид на местото извршиал екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК