Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, обвинителството да реагира, нема толеранција за закани со фашистички наратив

Соопштение за јавност:

На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.

СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти.

Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет.

Правда доаѓа за сите.

Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз.

СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни.

Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани.

Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +