Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор од 8 дена за насилникот од автокампот „Градиште“

Охридското Обвинителство поднесе предлог за определување мерка притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули во Охрид, во автокампотот „Градиште“, извршил грубо насилство врз три лица.

„Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност. Нападот следувал кога претходно осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените, кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но кога си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените“, информираат од Обвинителството.

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на Обвинителството, па со решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК