Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Глоби за 13 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе девет предлози за издавање казнени налози против 13 лица што го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час што бил во сила, односно биле затечени како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК