Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два автомобила и камион.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 20 и 35 часот, на место викано Дваесетти километар помеѓу автомобил „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од возач кој избегал, камион „даф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(61) од село Булачани, Скопско, и уште еден автомобил „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Е.К.(50) од Штип.

Во незгодата, со повреди се здобиле 11 мигранти, 10 од Пакистан и еден од Авганистан, кои се превезувале во патничкото возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, Е.К. и Т.К.(85) од Штип, совозач во патничкото возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК