25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски, Филипче, Костовски од завршната трибина во Куманово: Ова е опција за сигурност, од ВМРО-ДПМНЕ блокираа пари и за здравството, тие се опасност, сите на гласање на 15 јули, заокружуваме

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и премиер, вечерва се обрати во Куманово, заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и кандидатот за пратеник од ИЕ 2 и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на завршната граѓанска трбина пред предизборниот молк на полнок, за предвремените парламентарни избори во среда, на 15 јули.

„Стоевте на страната на правдата, вистината и прогресот. Куманово ја започна битката против фашизмот, за независна Македонија, ја започна и битката против режимот. Пред само три години државата беше на работ на граѓанска војна, само да се спасат криминалците на ВМРО-ДПМНЕ. Посегнаа по највисокиот Законодавен дом – Собранието и сакаа да убијат пратеници за да се спасат. Имамвме заробена држава. По само три години власт зборуваме за Македонија 30-та земја членка на НАТО и е пред почеток на преговори со ЕУ, деенска Македнија успешно гради Едно општество со грижа за сите.

Не калкулиравме со нашиот рејтинг туку како да направиме напредок за државата. Покажавме дека можеме, но и дека знаеме да реализираме програми. Не сакаме режим и мрачни сили во државата, напредок и прогрес сакаме“, порача Спасовски во Куманово.

Toj побара нов чист намдат што го посветуваме на економијата.

„Нашата цел е едноцифрена бројка на невработеност, тоа било само во Југославија и ќе биде денес. Ќе има до 20.000 минимална плата, до 34.000 просечна плата до крајот на мандатот, 600 милиони евра поддршка за компаниите, една милијарда евра странски инвестиции, повискоки пензии, поголема поддршка за младите, за европски животен стандард, дома“, рече Спасовски.

Тој порача и дека правда мора да има за сите.

„Мицкоски знае, сите на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ги очекуваат судски пресуди. Затоа нивната цел е да го вратат режмот. Тоа не смееме да го дозволиме“, повика Спасовски.

Тој изрази почит до сите кои се вложија во справувањето со здравствената криза.

„Се поклонувам оддавам признание на здравствените работници, полицајците, поражникарите, општините кои се вклучија и помогнаа да се справиме усшешно со кризата. На два дена сме до предвремените парламентарни избори, најважните во историјата на нашата држава. Одлучуваме дали ќе продолжиме напред во сигурност и во европска Македонија. Сакаме сигурна и напредна Македонија. Ве повикувам сите да излезете на овие избори, не е опасно, безбедно е да се гласа, ги обезбедивме сите протоколи, да излеземе и да одлучиме во среда, сигурна, напредна Македонија, повика Спасовски од завршната граѓанска трибина во Куманово.

Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министре за здравство беше пречекан со огромен аплауз.

„Аплаузот е за лекарите и сестрите секаде и во Куманово, кои успешно се справија со оваа криза. Ваква криза никој немаше предвидено во светот, не се случува во 100 години, нема димензионирани здравствени системи за ова, но навремено воведовме превентивни мерки, ја осигуравме инфраструктурата, го зголемивме капацитетот на тестирање, добивме откривање на асимтоматски случаи и спречивме компликации. Имавме пречки од опозицијата, ни ставаа сопки, ширеа сопки, ги блокираа парите од Светска банка да го зајакнеме здравството, сега ќе ја имавме опремата за подготвени да се справиме со бранот на есен. Но ќе го добиеме кредитот“ рече Филипче.

Тој посочи дека во изминатиот период работевме на вложувања –во Ургентниот центар во Куманово, на инфраструктурата во Клиничкиот центар во Скопје, се носат инсулини со сертификати за квалитет по светски стандарди. Имаме модерен календар за имунизација, најмодерен во целиот регион. Ја преполовивме смртноста на новороденчињата. Ја зајакнавме експертизата на лекарите, се случи и првата трансплантација на срце, спасен е живот. Над 100.000 денари примаат плата лекари специјалисти. За над 20 проценти ги качивме платите на медицинските сестри. Не постои млад лекар без работа. Никој повеќе не сака да замине во Германија, тука сакаат да живеат, со своите деца, каде што им живееле претците.

„Знам дека ќе ги отфрлите цинизмот и песимизмот и ќе заокружите 3 за тимот на претседателот Заев кој ги реши најголемите прашања и за премиерот и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски кој херојски се справи и во социјалата и во здравствто и во економијата“, рече Филипче.

Кандидатот за пратеник и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски оцени дека на 15 јули победува СДСМ.

„Нема два концепти. Има еден концепт зад којшто стои и овој град, тоа е концептот што ја внесе државата во НАТО. Многумина зборуваа, се најде еден човек, Зоран Заев кој заедно со соработниците ги тргна пречките и влеговме во НАТО. Ако влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Ќе затвориме 80 проценти од поглавјата во следниот мандат. Тие може да се пофалат само со две тенскиски игралишта. Концептот на поголеми плати, пензии денес се реалност. Продолжуваме, да ни биде подобро на сите, заокружуваме 3“ на 15 јули, повика Костовски на завршната граѓанска трибина во Куманово.