Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во авто-кампот „Градиште“ во Охрид

На 11.07.2020 год. во 01.40 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено на 10.07.2020 околу 21.30 часот во авто-кампот „Градиште“.

Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно бил пријавен во полиција од Д.Б.(38) за загрозување на сигурноста и од Ф.Г.(40) за оштетување на возилото, физички го нападнал Ф.Г., а потоа со остар предмет ја повредил М.Т., по што со дрвена палка ги нападнал Г.Т. и Ѓ.К., сите од Скопје.

Тие се здобиле со телесни повреди, а напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК