Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на коронавирусот во земјава.

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на вирусот. Сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг-тест со цел утврдување на точната бројка на заболени лица.

Вкупната бројка на активни случаи во Свети Николе изнесува 81 лице.

Во моментов најголем број на активни случаи има во Скопје – 1.871, а потоа се Тетово со 324, Куманово со 164, Штип – 161, Струга – 147, Охрид – 133 и Гостивар со 128 заболени лица.

Oд Скопските општини најмногу заболени има во Чаир – 323, а потоа се Гази Баба – 200, Аеродром – 162 и Бутел и Центар со по 146 активни случаи.

Вчера беше регистриран рекорден број на заразени и излечени лица за едно деноноќие.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК