13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Андреевски: Непотизам на дело, таткото и синот Мицкоски преку Машински факултет наплатиле илјадници евра од проекти од државната ЕЛЕМ

На самиот крај од кампањата за парламентарните избори 2020, сакаме да ја информираме јавноста за 2 теми кои се поврзани директно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече на прес-конференција, Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ

-Во вторникот до СДСМ е доставен материјал како што е наведено од професор на машинскиот факултет на кој се гледа дека доцент Мицковски и неговиот татко професор Мицкоски покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ.

Секако тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. ( во прилог се сумите: 105.020 ; 38.232 ; 32.400 ; 207. 680 денари.)

Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицковски – клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ.

Второ:

Додека сите функционери на СДСМ го ставаат на увид секој потрошен денар, транспарентно и отчетно, Мицкоски секоја вечер зборува за идна проверка на имот на политичари! Е ама тој нема анкетен лист, нема доставено ниту до јавноста, ниту до антикорупциска. Нема јавно достапни информации за кои е нормално да има за лидер на опозиција, што има од имот овде во републиката и надвор од неа, тој и неговото семејство. Колку и како заработувал во минатото и денес?, рече Андреевски.

Затоа на 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте да се вратат злоупотребите од Груевски, Мицкоски и нивните фамилиии, додадода од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.