18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Гласот за Мицкоски и ДУИ е губење на европската иднина

„Искрен став е тоа дека ДУИ треба да оди во опозиција. Изморени се нивните гласачи. Навлезени се ДУИ во системот и не знаат за друго. Ако гласачите се определат за ДУИ, тоа е како да гласале за Мицкоски, но што значи тоа? Тоа значи нови проблеми дома, губење на НАТО, на ЕУ, губење на европските фондови, губење на иднината. Искрено не верувам дека Мицкоски ќе добие шанса да го уништи сето ова, секој наш успех, но може да му помогнат граѓаните кои ќе гласаат за помалите партии и тие да влезат во коалиција со Мицкоски и целиот концепт за европска иднина да се распадне.“- изрази загриженост лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на телевизија Алсат.
 
Тој потенцираше дека кога требало да се носат храбри одлуки тој ги носел, кога требало да се ризикува рејтинг, тој ризикувал и затоа повика дека сега на ред се граѓаните.
 
„Заедно со граѓаните одлучуваме каде ќе се движиме. Зошто порано партиите на Албанците не го донееле Законот за јазиците, зошто порано не се граделе Арачиново, Липково и други албански села, зошто порано не се потпишале овие големи историски договори со Грција и Бугарија, зошто друг не не одведе во Европа? Зарем сето тоа сега ќе го погазиме?“- изјави Заев.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК