Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Судот му одреди притвор на екс-претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски

Велешкиот суд денеска му одреди 30 дена притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител.

Информација ја објави „Коалицијата Сите за правично судење“, од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.

Скопското обвинителство пред една година поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд.

Судењето за овој предмет требаше да почна наесен, но досега овој судски процес се уште не е започнат со главна расправа.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК