Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Да ги казниме оние што велат исправи се Македонијо а мислат на режим, нашиот концепт на стандард, развој и благосостојба ќе победи на 15 јули, исправени сме пред големата победа на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ

Да ги казниме оние кои што велат исправи се Македонијо, зашто сакаат пак да не клекнат на колена. И овој пат како и досега сме исправени пред големата победа на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ, рече Лукаревска на централната трибина на коалицијата МОЖЕМЕ во Скопје.

-Обезбедивме 60 илјади нови работни места, ги зголемивме просечната и минималната плата, ги зголемивме платите во здравството, образованието, армијата, полицијата, го чуваме достоинството и на пензионерите, ги зголемивме и пензиите. Нашиот концепт за овие избори е стандард наместо пустош, борба против сиромаштијата наместо лично богатење, развој на економијата наместо концептот на ВМРО ДПМНЕ на што и самите се смеат “немаме за леб а трошиме за чоколади“. Нашиот концепт на стандард, развој и благосостојба ќе победи на 15 јули.

-Особено сум горда, изградивме едно општество за сите, но исто толку сум горда и на принципот на еднакво општество на мажи и на жени. На овие изборни листи имаме 50% кандидати мажи и 50% кандидатки жени. Нашите заложби, нашите добри политики даваат резултати. Затоа ве повикувам, гласајте на 15 јули, заокружете три, обнова на режим не смееме и нема да дозволиме. Гласајте за Социјал демократскиот сојуз и коалицијата МОЖЕМЕ, гласајте за потврдени вредности.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК