Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, се обрати во Чаир со пораката дека оваа општина покажува како се живее во едно општество за сите, концепт што граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, други, денес го градат во целата држава успешно и дека земјата продолжува по правиот евроатлантски пат, наместо, како што кажа, изолирана и во поделби што ги правеше режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ.
„Само политичари кои се грижат за сите може да донесат добро и на Чаир и на оваа држава. Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не е решение затоа што мисли само на себе, крадат, рушат се закануваат за државна помош, плати, пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата. Ни национализмот на ДУИ не е решение, бидејки искусивме дека националистичките политики не носат ништо добро на државата. ДУИ реши да оди на овие избори со национализам, бидејки нема што да им понуди на граѓаните, безидејни се после 17 години власт. Затоа е најдобро и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да останат во опозиција, да се самообноват и на следните избори, ако успеат да се реформираат, можеби ќе имаат шанси кај граѓаните“, порача Спасовски.
Тој вети дека во следните 4 години ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5 – 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес.
„Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома и опцијата за 15 јули е јасна: СДСМ и коалицијата Можеме нуди луѓе кои земјата ја однесоа на прав пат, да продолжиме по овој пат, а ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски, Мицкоски, Мисајловски…, кои нудат обнова на режимот“, рече Спасовски.
„На 15.јули изборот е едноставен: Не за опасниот режим кој краде и меѓународно изолира и за национализмот што враќа назад, Да за сигурна иднина, пари кај граѓаните, Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Ова се многу важни избори, за сигурна иднина и брза развојна еконономија, за уште повеќе пари кај граѓаните и безбедна иднина – гласаме за број 3 на 15.јули, порача Спасовски.