10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев од Гостивар: Ние им враќаме пари на граѓаните, ВМРО ДПМНЕ им ги крадеше

„На 27 април, 2017 година, кога се браневме како браќа, кога бевме под налетот на национализмот. Два и пол часа чекавме да падне живот, но заеднички се боревме да се одбраниме. Тие беа со крв во очите и се удираа во градите кој е поголем Македонец, кој Албанец, а сето тоа беше за власт, пари и моќ. 30 години никој не носеше одлуки, но ние имавме храброст и носевме одлуки. Не само за договорите со Грција и Бугарија, туку и за Законот за употреба на јазиците, за зголемување на социјалната помош, за поголеми пензии, за поголема минимална плата, за 12 000 стечајци, за повисока просечна плата, за воведената државна социјална пензија… Денес покажавме дека водиме грижа за сите, најмногу за сиромашните. Докажавме дека имаме пари и ги враќаме назад кај народот.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од предизборната трибина во Гостивар, на која беа промовирани носителите во шестата изборна единица.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за европската и демократската опција на 15 јули.

„Покажавме дека сите политичари не се исти, не калкулиравме со личниот и партискиот рејтинг. Кога се исправивме пред вистината, знаевме зошто 30 години не се носеле одлуки, се плашеле за политичката кариера. Ама ние не се плашиме, зарем има поважно нешто од нашите деца и нашите внуци. Носевме одлуки и ги затворивме комплетно сите важни прашања.“- зборуваше Заев на трибината.

Спонзорирано: