Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

125 оздравени, 120 новозаразени и починати 5 лица – Каква е состојбата со коронавирусот во Македонија?

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.

Направените 1367 теста се преку: ИЈЗ-628, Авицена-100, Биотек-134, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -258, Систина со PCR метода -116, ЦЈЗ Битола-16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК