Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев во дуелот на МРТВ: Рејтингот ни порасна во пандемијата затоа што имаме ефикасни мерки

„Покажавме целосен капацитет да се справиме со здавствената криза, но и со економската. Граѓаните знаат дека ќе имаат влада која ќе продолжи да се грижи за нив, да им служи за секоја нивна потреба. Ним им треба сигурна опција и затоа нашиот рејтинг порасна во време на пандемијата, затоа што имаме исправни политики.“- му се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ на дуелот на МРТВ.

Заев го потсети политичкиот противник на брзата интерванција во справувањето со Ковид 19.

„Сите ресурси ги обезбедивме за да функционира здравството. Имаме мотивиран болнички персонал. 40 отсто ги покачивме платите на специјалистие, 25 отсто на медицинските сестри, навреме набавивме респиратори, подготвивме болници, изградивме мобилна болница, набавивме опрема, имаме резервни болнички кревети, направивме план за работа за да им биде полесно и на здравсвениот персонал, оти не им е лесно. Лично како претседател на владата ќе предложам да ги награди со медал за храброст.’“- ги наброја Заев сите заложби на СДСМ за полесно справување во вирусот.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК