10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Чаир: СДСМ води за шест проценти, се додека Мицкоски е лажен патриот ќе губи

„Потпишавме договор со Грција, со Бугарија, па донесовме и Закон за употреба на јазиците. И сега ДУИ зборува они го донеле законот, како па да не, што не го донесе 10 години со Груевски? Со овој закон го заокруживме Рамковниот договор, и сега сите имаме исти права и обврски. Но, за да се донесе овој закон моравме да дојдеме ние на власт и да го надминеме ова прашање. Денес секој граѓанин може на својот јазик да комуницира со државните институции. Денес сме сите граѓани на Северна Македонија. Ги остваруваме целите дома и надвор, покажавме храброст за сите одлуки. И сега знаеме дека храбрите, кои носат одлуки, народот ги оправдува и поддржува. Водиме шест проценти, што правиме сега Мицкоски? Додека сте лажни патриоти ќе губите избори. ДУИ пак, сега покажува нов национализам, но тоа време помина, нема веќе простор за национализам и фашизам.“- им се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев на жителите на скопски Чаир каде што коалицијата „Можеме“ ги промовираше своите кандидати за пратеници.

Заев искористи прилика да посочи дека во денешно време патриотизмот значи нешто друго, а не тоа што го продава ВМРО ДПМНЕ.

„Патриот е тој што ја враќа среќата на лицата. Тој што гради единство, го дига економскиот стандард, што отвора 64 000 нови работни места, згрижува 12 000 стечајци, тој што ги укинува квотите за лековите, што покачува плати на лекарите, учителите, тој што за 60 отсто покачува минимлана плата, тој што се бори за својот народ без разлика на се. Затоа сме на правиот пат и тоа ни е единствен пат. Зарем пак ќе се тепаме по автобуси, ќе се конфронтираме? Еден живот имаме и мораме да го поминеме заедно.“- испрати Заев порака за соживот и ги повика чаирчани да гласаат во единицата за Никола Димитров и Мила Царовска и во двојката за Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

Спонзорирано: