Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев во интервју за Centar.mk најавува пресврт за Преспа: Ние имаме обврска да му се оддолжиме на Преспанскиот регион кој навистина со години беше заборевен и запоставен

Со договорот со Грција, Преспа влезе во нашата, но и во балканската и европска историја. Ние имаме обврска да му се оддолжиме на Преспанскиот регион кој навистина со години беше заборевен и запоставен, вели Зоран Заев, лидер на СДСМ на прашање на Centar.mk: Имате ли план за Преспа да ја кренеме на ниво како што заслужува?

– Со отворањето на граничниот премин Маркова нога, ќе го отвориме овој регион кон Грција, кон ЕУ, тоа носи поголема и поинтензивна економска соработка, тоа се повеќе пари во тој регион, повеќе можности за меѓугранична соработка, побрз транспорт и подобро поврзување.

Ќе вложуваме и во Преспанското езеро преку негова регулација, преку изградба на кеј и пешачка патека, но и за поборување на еколошката состојба на езерото.

За Преспа обезбедуваме и европски пари, пари кои ќе насочиме во инфратруктура, во подрршка на оние гранки кои се важни за тој регион, односно туризмот и секако земјоделството и производството на нашите надалеку познати ресенски јаболка, вели Заев.

Целото интервју прочитајте го тука.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК