1. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Одлична вест: Порасна минималецот, на сметките на вработените од овој месец уште повисока плата!

Скокна минималната плата за месец јули, па така сега наместо 14.500, изнесува речиси 15.000 денари.

Сите вработени кои досега земаа минимална плата од 14.500, за месец јули, плата која се исплаќа најдоцна до 15-ти август ќе добиваат 14.934 денари плата.

Ваквата одлука беше објавена од страна на МТСП во Службен весник.

Да потсетиме дека во изминатиот период минималната плата изнесуваше 9.000 денари за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ до 2016-та година, веднаш по доаѓањето на тимот на Зоран Заев и СДСМ платите скокнаа на 12.000 денари, за во 2019-та истата да биде зголемена на 14.500 денари. Сега минималецот изнесува речиси 15.000 денари.

Доколку социјалдемократите ја добијат власта на предвремените избори, најавуваат уште подрастичен раст на платите за сите вработени во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК