22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Не смее никој да ја уценува татковината, граѓаните ќе изберат кој ќе ги води

„Сите сме исти, сите дома имаме деца за гледање, сите сакаме да им оставиме подобро утре на нашите деца, подобро отколку тоа што ние го живееме и сега успеавме во тоа, успеавме да го отвориме патот кон иднината. Свесни се нашите противници дека ги губат изборите и дека расте поддршката на оваа наша коалиција. Па затоа некои на почетокот на кампањата поставија услов Албанец премиер. Ама не, не бе брат, никој повеќе нема да ја условува татковината, само граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе биде министер, кој ќе биде премиер, кој пратеник, претседател на државата, граѓаните и никој друг и кога гледаме пулс дека водиме со 5,7,9 пратеници око да не ви трепне да излезете на гласање и вие со заокружувањето што го правите вие ќе одлучите како ќе се движи државата.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од трибината во општина Гази Баба.

Тој смета дека поминало времето кога сме имале кавги дома врз етничка основа и дека сега нашата држава се стреми кон модерниот свет, свет со индустриска и техничка револуција.

„Ние носевме одлуки оти народот одлучил, ни дал доверба, нам ни беше редот, доста 30 години шлапаме во калта, тапкаме во место, во светот во тек е четвртата индустрска револуција, дигитализација и развој на инфорамтички технологии, младите можат за десет саата сега да одат во Токио или во Вашингтон или во Берлин или каде било. Што значи светот оди напред, а ние уште да живееме со кавги дома помеѓу Македонци и Албанци, па и со соседите, доста е, се здруживме дома го изградивме концептот „Едно општество за сите“ и еве го нема никакви конфликти во државата.“- повика Заев на 15 јули граѓаните да се определат за коалицијата „Можеме“ како единствена демократска и европска опција.