Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопатишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови

Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис-секторот. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проширување на патот Гостивар – Тетово со што би се добил современ автопат, изградба на автопат Прилеп – Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско – Прилеп, експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш и др.

„Дополнително ќе се изработат проектните документации за автопатот Гостивар – Кичево, експресниот пат Струмица – Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и друго. Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК