Четириесет проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и Носител на изборната единица 3, кој денеска во Свети Николе средба со граѓаните и со партиските активности.
„Остваривме средба со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ која што е секогаш со нас рамо до рамо ја водиме оваа битка против оваа криминално рекетарска власт. Исто така сакам да ги поздравам Унијата на млади сили, нашите најмлади но и најактивни членови во партијата кои што се секогаш тука заеднички сплотени да се избориме во оваа битка за Македонија. Она што сакам да го соопштам а што веќе го разговаравме и со членките на Унијата на жени она што планираме како ВМРО-ДПМНЕ во следните 4 години предводејќи ја владата да го направиме во однос на родовата еднаквост и затоа најавуваме дека 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени“, рече Јанушев.
Тој нагласи дека ќе се борат на секое поле, а посебен акцент ќе биде ставен на семејното насилство односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место кое што навистина го заслужува во општеството.
„Жената пред се е сестра, мајка, така што мора да продолжиме да работиме на ова поле. Исто така ќе обрнеме особено внимание на жената земјоделец кое што е многу сериозно прашање особено во Свети Николе и светиниколско бидејќи земјоделието е една од главните гранки од што живее овој наш трудољубив народ. Да не ја заборавиме и поддршката која што ќе ја дадеме во спортот. Тука сме знаеме како и гласајте за број 14 за 14 пратеници во изборната единица 3“, додаде Јанушев.