Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на ТВ 24: Врвна амбиција на ВМРО-ДПМНЕ е да избегне правда низ административните и судски лавиринти, нивните ветувања за правда се смешни

Големи чекори се направија во законодавството, тоа го зборува и ЕК тоа го зборува и Венецијанската Комисија, тоа го зборува и извештајот на ЕК меѓудругото, меѓутоа не е доволно. Мислам дека со нашите предлози и во однос на имотната состојба на судии, на јавни обвинители што е нешто што треба да се направи и во однос на другите мерки ние мора одговорноста на правосудниот систем да ја ставиме на пиедестал. Правда не е барање одговорност во другите политички редови, правда е кога е неселектива и нема нашите, вашите. Меѓутоа мислам дека главниот проблем зошто не сме позадоволни во оваа област е токму што од друга страна имавме една политичка сила со луѓе и низ администрацијата и низ судовите кои што врвна амбиција им беше да нема правда односно да се бега. – рече Димитров во „Отворено студио“ на Телевизија 24.

Токму затоа, нивните ветувања за правда се смешни, заврши Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК