Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ако имате трема пред јавен настап, пробајте ги овие техники (Видео)

Презентација пред важни деловни партнери, зборување пред полн амфитеатар на факултет, изјава пред телевизиските камери… пред и за време на овие и многу други јавни настапи, тремата е нашиот најголем непријател.

Потење на дланките, чувство на изгубеност, страв, напнатост и моментално блокирање на говорот се само дел од најчестите симптоми со кои се бориме пред секое јавно говорење.

За тоа како се справува со тремата зборува Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

„Тремата е позитивна работа и не треба да се плашиме од неа. Она што треба го избегнуваме се паниката и стравот. Позитивната трема ми помага, таа е нешто кое ме држи на штрек, односно ме прави постојано подготвен за она што треба да го направам или кажам.“, вели Кордалов и признава дека и покрај децениското искуство тремата е составен дел од секој јавен настап.

Тој истакнува дека не треба да се плашиме од тремата, туку да научиме како да ни биде сојузник, и партнер бидејќи, според него, тремата помага само доколку е позитивна.

„Добрата подготовка пред настанот, доброто знаење и убеденоста дека она што го говориме навистина има смисла ќе направи да исчезне нашата трема, односно да биде во онаа доза што ќе не одржува будни. А, само будни луѓе, постојано свесни за она што го зборуваат и прават можат да одржат добар говор, да имаат добар јавен настап и да имаат добра комуникација.“, истакнува Кордалов.
Ова видео е дел од „Комуникациската лабораторија“ на Центарот за јавно говорење, а во него комуникологот Бојан Кордалов зборува и за вербалната наспроти невербална комуникација, но и за потребата од постојано унапредување на личните комуникациски вештини.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +