Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вклучување деца во политичка кампања е недозволиво

Државниот совет за превенција на детско престапништво укажува дека вклучувањето деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата.

Грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици.

Сé останато претставува нивна злоупотреба и повредување на правата на децата.

Државниот совет потсетува дека Изборниот законик (чл. 183) предвидува глоба од 8.000 евра за радиодифузерот и 30 отсто од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК