Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тракторската несреќа по која две деца се удавија во реката Струмица

Малолетници на возраст од 15 и 14 години, поради тракторска несреќа, вчера се удавиле во реката Струмица.

Како што информираат од МВР, 15-годишник од селото Добрејци и 14-годишник од Пиперево, со трактор кој го управувал 14-годишникот, во попладневните часови се упатиле кон местото викано Таре на реката Струмица за да ловат риби.

Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а децата се удавиле.

На местото на инцидентот извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК