Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев од Гевгелија: Ја отворивме светлата иднина на државата, продолжуваме заедно да чекориме напред по правиот пат!

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници од четвртата изборна единица, Зоран Заев денеска во стартот на втората недела од кампањата се обрати на граѓанската трибина во Гевгелија.

„Гевгелија не е само најблиската дестинација до ЕУ на три километри од овде е од ЕУ, туку веројатно го имате едно од најубавите места за живеење, со целата еколошка свесност внатре, со сите перспективи, географска дестинација, мудар и работлив народ. Низ целата таа мудрост секогаш знаел да носи мудри одлуки. Мене ми е драго вечерва што можеме да дискутираме со овие вредни луѓе околу мене“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Пред гевгеличани тој зборуваше за сработеното во изминативе неполни 3 години, за храброста со којашто се носеа крупни и храбри одлуки за децениските проблеми, а истовремено се дигаше економијата преку храбри економски одлуки.

„Веројатно ќе биле полесни одлуките ако биле понавремено донесени но имавме 30 години тапкање во место, изолирани од целиот свет додека целиот свет иташе напред. Дојде време да носиме храбри одлуки. Бев прв меѓу еднаквите кога требаше храброст на дело да се бориме против режимот и да ја ослободиме татковината а и народот од шепотењето, од стравот, од заканите, од уцените, од грабежот, од забеганите проекти каде што ги трошеа народните пари. Имав храброст и кога требаше да ги решаваме проблемите и прашањата отворени со децении и како што е спорот со името и проблемот со Бугарија, 20 па и 30 години. Извојувавме одлични решенија кои што не само што изградија партнерство и стратешко пријателство со Грција и Бугарија туку отворија перспективи, ја отворија иднината. Ги исполнивме стратешките цели на државата“, истакна претседателот Заев.

error: Соддржината е заштитена.